Настани
ИЛЈАДНИЦИ СВЕЌИ НА СЦЕНАТА: „Candlelight“ концерт со Профундис и Петар Пејчиќ во Скопје (ФОТО)
По големата популарност на премиерниот концерт минатата година, светскиот „Candlelight“ спектакл повторно ќе ја донесе магијата на класичната музика во Македонија. Овојпат, на 22 март во 20 часот, камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ја изведе уникатната концертна програма „Timeless“ во големата сала на Македонската филхармонија.
Нова светска ѕвезда на сцената
На сцената ќе настапи Петар Пејчиќ, еден од најталентираните виолончелисти на својата генерација. Со својата виртуозност и харизма, Пејчиќ ја привлекува светската јавност, а неговата техника и сценски изглед го прават вистински феномен на светската музичка сцена.
„Среќна сум што Candlelight магијата стана традиционално концертно доживување во Скопје. Овој пат, имаме привилегија да бидеме домаќини на новата светска ѕвезда Петар Пејчиќ, кој со своето виртуозно изведување и сценска харизма ќе ја збогати магијата на оваа вечер.“ – изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ.
Програма која носи емоции и магија
Концертната програма вклучува некои од најзначајните дела од класичниот репертоар, со фокус на минимализамот и виртуозноста:






