Настани
„Современа македонска фотографија“ – монографија што го обележува 80-годишниот развој на фотографската уметност во Македонија
Монографијата „Современа македонска фотографија – Македонска фотографија 1945-2020“ претставува единствено и капитално издание, кое нуди детален увид во историскиот и креативниот развој на фотографската уметност во Македонија.
Финансирана како Проект од национален интерес од Министерството за култура и спонзорирана од „Халк Банка“ – Скопје, монографијата претставува пресек на речиси 80-годишно творештво на автори-членови на Фото сојуз на Македонија.
Голема промоција и ексклузивна изложба
Промоцијата на монографијата ќе се одржи на 30 јануари, во 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје.




