Настани
Oперата „Набуко“ на 11 ноември на сцената на Националната опера и балет
Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 11 ноември со почеток во 20.00 часот.
Под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.





