Занимливости
Уште еден необичен почеток на учебната година во СУГС „Браќа Миладиновци“
Средното ветеринарно-земјоделско училиште од н. Драчево уште еднаш на необичен начин ја започна новата учебна година.
Да се потсетиме, минатата година на сите ученици им беше подарена по една мала тегла органски мед од сопствените пчелни семејства. На етикетата пишуваше:
„Училиштен мед. Ве учи дека на светот нема ништо послатко од сопственото знаење и сопствениот успех. Со среќа во новата учебна година.“
Оваа година повторно изненадување: учениците ги поздравија и се дружеа со видни гости, успешни деловни луѓе, музичари, познати ТВ лица, уметници…





