Настани
Поради преголем интерес концертот на Цеца и Анастасија се преместува на градскиот стадион во Пробиштип!
Поради огромен интерес за концертот закажан за на 11.06 (сабота) на најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ истиот ќе биде преместен на градскиот стадион во Пробиштип, наместо „Аква паркот“.
Организаторите велат дека морале да се одлучат на овој чекор, бидејќи аква паркот би бил претесен да ги собере сите обожаватели на Цеца и Анастасија.
-Моравме да го преместиме концертот, бидејќи интересот е преголем. Секој ден добиваме повици и резервации и од Србија и Бугарија. Она што е најважно тоа што во сабота не очекува топло и убаво време – велат тие.




