Од областа на публицистиката
1. д-р ИГОР РАДЕВ
-за особен придонес на полето на книжевно-преведувачката дејност.
2. ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ
-за четиридецениска интензивна и професионална работа во новинарството.
Од областа на образованието и воспитанието
1. проф. д-р ВЕСНА МОЈСОВА – ЧЕПИШЕВСКА
-за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата во изминатиот период.
2. проф. д-р РИСТО МАЛЧЕСКИ
-за покренувaње онлајн платформа www.matematickitalent.mk зa време на пандемија и во време кога Република Македонија се соочува со недостиг на учебници за основно и за средно образование.
Од областа на културата
1. АРЛИНДА КАЛИСИ
-за долгогодишен придонес како уредник на културните манифестации и автор на емисијата „MOZAIKU KULTUROR“.
2. ЈУ МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
-за јубилејот 50 години работа и развојот на културата и афирмацијата на младинското творештво во град Скопје.
Од областа на науката
1. проф. д-р МИТКО Б. ПАНОВ
-за значајни остварувања во науката, како и иницијатор и автор на проектот на културниот настан „ Денови на Јустинијан I“.
2. проф. д-р СИЛВАНА ГЕОРГИЕВА
-за значаен придонес во научно-истражувачката дејност во стоматологијата, подигнување на квалитетот на забоздравствената заштита и подобрување на оралното здравје на граѓаните на град Скопје и пошироко во државата.
Од областа на уметноста
1. ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ
-за повеќегодишни достигнувања како театарски и филмски актер.
Од областа на хуманитарната активност
1. ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА И ТРЕТМАН НА ЛИЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР И АТИПИЧЕН РАЗВОЈ „ВО МОЈОТ СВЕТ“
-за отворање центри за рана интервенција и третман за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и обезбедување помош и поддршка на младите и возрасните лица со пречки и на нивните семејства.
2. ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА „СВЕТИ СПАС“- СКОПЈЕ
-за кoнтинуирано помагање на социјално загрозени лица.
Од областа на здравствената заштита
1. проф. д- р СМИЉА ТУЏАРОВА ЃОРГОВА
-за највисоки достигнувања во областа на медицината, науката и образованието во државата и во светот, како и автор на делото – Естетска хирургија на глава и врат.
2. д-р СОЊА БОЈАЏИЕВА
-за долгогодишен придонес во здравствената заштита на младата популација и значаен придонес во хуманитарните активности.
Од областа на заштита и унапредување на животната средина и природата
1. ГРУПА ТВОРЦИ-ТИМ ДОЗА СРЕЌА: Ања Цветковиќ, Никола Стојановски, Денис Димитров, Дарко Ефтимовски, Илина Георгиева, Коста Аризанов, Христијан Стојанов, Викторија Блажевска и д-р Драган Јованов.
-за врвни достигнувања на светски натпревари за млади иноватори (лица со посебни потреби) на тема Животна средина категорија – Лековити растенија.
Од областа на спортот
1. ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ
-за најголемиот успех и постигнување во спортот – освоен Сребрен медал од олимписки игри во Токио 2020, одржани во 2022 година.
2. РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
-за претставување на градот пред спортската јавност во Европа и неизмерна радост на сите скопјани.
Ученици и студенти
1. АЛЕКСИЈ ТАСИЌ
-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.
2. АНГЕЛА КОСТУРАНОВА
-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.
3. ЕРЈОНА АЗИЗИ
-за успешни постигнувања во континуитет во наставните и воннаставните активности во земјата и во целиот свет, проследени со 18 златни медали.
Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за афирмација и напредок на градот Скопје.