Настани
Концертна промоција на „NEW ERA” на Никола Мицевски во Битола
Авалон Продукција најавува уште еден возбудлив проект – концертна промоција на композиторот Никола Мицевски, по повод неговиот извонреден нов албум “NEW ERA”!
Првиот од неколкуте планирани концерти ќе биде одржан во неговата родна Битола на 9-ти декември во Центарот за култура!
Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.





