Настани
Светски познатата виолинистка Ирина Мурезану оваа среда настапува во Скопје
По спектакуларниот настап пред српската публика во легендарната сала „Коларац“ минатата сабота, концертниот спектакл „Фузија“ оваа среда (2 ноември) доаѓа во Скопје.
На големата сцена на Македонската филхармонија ќе настапат два врвни камерни оркестри – „Профундис“ од Македонија и „13 Гудачи“ од Србија, заедно со светски познатата виолинистка Ирина Мурезану, која за првпат ќе настапи во нашата земја.
– „Пресреќна сум што ја имам можноста да се запознаам со српската и македонската публика преку овие два спектакуларни концерти во Србија и Македонија. Навистина е голема честа кога се соработува со два врвни камерни оркестра и нивните диригенти и со нетрпение го очекувам настапот во Скопје оваа среда!“ – изјави кратко Мурезану.





