Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Уникатниот проект “Корени” на Нико Ѓоргиевски во Битола

Настани

Уникатниот проект “Корени” на Нико Ѓоргиевски во Битола

На 10.12.2022 во Офицерскиот Дом во Битола, ќе биде концертно претставен уникатниот проект на Нико Ѓоргиевски, насловен “КОРЕНИ”.

„Корени е проект што ги спојува потеклото и индивидуалните културни (музички) влијанија и ги претставува низ креативна призма во кохезија на вибрации и преплетени музички мисли/филозофии на протагонистите. Со почит на предците и со надеж за разбирање на новите естетски видувања. Ќе слушнете стари Македонски фолклорни песни преточени низ ситото на личните музички влијанија на изведувачите. Македонскиот фолклор ќе зазвучи низ призмата на неколку музички стилови.” – вели Нико Ѓоргиевски.

Нико Ѓоргиевски вокал и перкусии, на концертот ќе биде придужуван од Филип Димишковски пијано, Стефан Петановски гитара и Никола Бочваров бас гитара.

Специјални гости на концертот ќе бидат Зарина Првасевда и “Јаничари”.

Влезниците за настанот се веќе во продажба и може да се набават на билетарата на Офицерскиот Дом Битола, по цена од 300 денари.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.