Настани
Во недела стартува 18то издание на Виз Ер Скопски маратон, стартот и целта на добро позната локација
Најпознатиот спортски настан во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, која што сите љубители на трчањето од земјата и пошироко, со нетрпение ја очекуваат секоја година.
Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата, – маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон, – „ЕУ за спортот“ и трката на 5км ќе започнат точно во 08:00 часот.
Директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, на денешната прес конференција најави дека се менува дел од патеката по која се трчаше изминативе години. Новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација. Целта е плоштадот „Македонија“ со кој се враќа традиционалниот финиш на патеката по што беше препознатлив маратонот.








