Сцена
Џастин Бибер не е обожавател на музиката на Викенд
Канаѓанецот Џастин Бибер изгледа дека не може „ни да ја слуша“ музиката на својот сонародник Абел Тесфаје, кој во јавноста се претставува како Викенд, наведува порталот Ти- Ем – Зи.
Музичарот Викенд (The Weeknd) наводно веќе еден месец се забавува со поранешната девојка на Бибер, Селена Гомез, по што репортерите на порталот Ти – Ем-Зи кои се занимаваат со темите од светот на познатите, го прашале Бибер дали му се допадна неговата нова песна.
– Не човече! Тоа е многу лоша музика!, возврати Бибер, снимено од страна на камерите.




