МК Сцена
Неверојатно музичко искуство со спој на електронска и класична музика во Охрид
Уште едно музичко лето во најава, случување со разновидни содржини, а во фокусот на вниманието – концерт на оркестарот на Македонската филхармонија под водство на маестро Џијан Емин со кумот на техно музиката Хуан Аткинс. 2ри Август, Антички Театар е местото на кое задолжително мора да бидат сите љубители на добриот звук, а таму не очекува Џијан Емин, оркестарот на Македонска Филхармонија и Juan Atkins.
Покрај исклучителниот спој на електронска и класична музика, настанот ќе понуди и единствено ласерско шоу, игра на светла и мултисензорно доживување.
Џијан Емин, прв хорнист во Македонската филхармонија, член на неколку македонски бендови, меѓу кои Архангел, композитор, диригент, оркестратор, човек со многу таленти и кој зад себе има многубројни настапи, особено забележителни концертите со Дерик Меј, во Македонија и надвор од земјава, или оние под отворено небо со Македонската филхармонија посветени на Дејвид Боуви, Пинк Флојд и последниот настап со неверојатниот Феми Кути. Овој пат со музичката продукциска куќа Излет мјузик продакш подготвуваат неверојатен спектакл под отворено.




