Настани
Ноќ на „Оскари“: Филмот „Човек птица“ голем победник на 87-то издание на „Оскарите“
Филмот „Човек птица“ („Birdman“) на режисерот Алехандро Ињарта е големиот победник на 87-та церемонија на доделување на наградите на Американската филмска акадмија, освојувајќи ги оскарите за најдобро филмско оставрување, за режија и за оригинално сценарио.
На церемонијата што синоќа се одржа во Лос Анџелес, оскарот за најдобра главна машка улога го доби Еди Редмејн за рољата во филмот „The Theory of Everything“ („Теорија на се“), додека наградата за женска главна улога и припадна на Џулиен Мур за толкувањето на ликот на жена заболена од Алцхајмерова болест во филмот „Still Alice“ („Се уште Алис“).
