МК Сцена
Нова година на плоштад со Слаткар, Каролина и Миле Кузмановски
Со повеќедневна богата програма, Градот Скопје со финансика поддршка на Македонски Телеком и Пивара –Скопје, и оваа година организира незаборавна забава за дочекот на НОВАТА 2017 ГОДИНА, на плоштадот Македонија.
– Градот Скопје и оваа година подготви интересна содржина за жителите на градот, по која ќе ја запомнат 2016 година. Од 24 декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје, кој ќе се одржува под мотото „Подари Среќа“. Базарот ќе биде место каде сите посетители ќе можат да купат интересни подароци за најблиските и пријателите. На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколади и многу други производи. За најмладите е подготвена детска програма, секој ден од 10 до 13 часот, а истата вклучува новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, претстави и настап на магионичарот Кристијан. Дедо Мраз и оваа година ќе пристигне на 31 декември во 11:30 часот, кога ќе се приклучи на новогодишната парада. Музичката програмата во попладневните часови започнува со новогодишни попладневни (after-work) забави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи, истакна градоначалникот Трајановски.
Директорот на секторот за маркетинг и комуникација на Македонски Телеком, Радмила Димова ја претстави централната музичката програма за 31 декември, која ќе биде проследена со неколку минутен огномет.




