МК Сцена
Македонката Мина го воодушеви жирито во „Ѕвездички“ со песна од Каролина! (ВИДЕО)
Македонското девојче Мина Блажев со освоени пет гласа од стручното жири се пласираше директно во четвртиот круг на талент шоуто „Ѕвездичките на Пинк“, пренесува порталот ТВ ПАКЕТ.
Мина по двете странски песни кои ги испеа во првите два круга, овојпат се одлучи за македонска песна. И тоа не од било кој. Таа ја отпеа веќе антологиската „Бегај, бегај“ од мега-ѕвездата Каролина и ги стопи срцата на сите во студиото и пред малите екрани во регионот.
– Како што почнавме, така и завршивме. Ова беше толку свечено и величенствено. Многу си музикална, емотивна, се’ ми се допадна – искоментира Јелена Томашевиќ, на што се надоврза времениот член во жирито, Милан Станковиќ :



