Сцена
Новата девојка на принцот Хари под полициска придружба
Глумицата Меган Маркл првпат се појави во јавност откако е објавено дека е во љубовна врска со британскиот принц Хари.
Триесет и пет годишната убавица е фотографирана пред својот дом во Торонто додека влегувала во автомобил. Покрај неа постојано се наоѓал полициски автомобил.
Медиумите пренесуваат дека Меган веќе ја имала честа да се запознае со членовите на британското кралско семејство.




