АТАНАС СТОЈАНОВСКИ / ПОПУЛАРНО.МК

МК Сцена
ПУБЛИКАТА НА НОЗЕ: Јан Гилан ги оживеа хитовите на „Дип Прпл“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Од стари до млади, сите уживаа на спектакуларниот концерт на Јан Гилан синоќа во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Во преполната арена во која се бараше место повеќе буквално целата публика беше на нозе, играјќи на старите, но и нови хитови на легендарниот Јан Гилан.
Низ столчињата во партерот и на трибините можеше да се забележат мали деца, но и постари љубители на класичниот рок.





















