Музика
НОВИ САД СЕ ТРЕСЕШЕ: Дејвид Гета се поклони пред публиката на Егзит! (ФОТО+ВИДЕО)
Екипата на Популарно.мк директно од тврдината во Нови Сад!
Веќе втората фестивалска вечер на Егзит дури 49.000 посетители заедно со бројни изведувачи на Петроварадинската тврдина напрвија петокот да биде навистина во духот на слоганот на овогодинешниот фестивал – магија!
Титулата прв меѓу сите останати ја освои најголемиот диџеј продуцент на денешницата Дејвид Гета кој приреди аудио-визуелен спектакл кој само еднаш се искусува во животот! Пред главната бина буквално се бараше простор повеќе за да се биде дел од ритамот на најголемите поп и денс хитови “Hey Mama (ft. Nicky Minaj)”, “Titanium”, “Who’s That Chick (ft. Rihanna), “Love Takes Over”, “Without You” и многу други кои на моменти публиката ги пееше дури и погласно од и така гласното озвучување!























