Сцена
Објавен оригиналниот крај на „Снежното кралство“ – Елса требало да биде негативец
Крајот на „Снежното кралство“ (Фрозен), анимиран блокбастер од 2013 година можеше да биде многу поинаков од крајот кој сите го знаеме и сакаме.
Актерката Кристен Бел, која на Ана и го позајми гласот, во 2014 година откри дека Елса оригинално била целосен „негативец“, а сега продуцентот на филмот, Петар дел Веко за Entertainment Weekly тоа го потврди и додаде дека во оригиналното сценарио Ана и Елса не биле сестри и немале кралско потекло.
– Ана не беше принцеза, а Елса беше самопрогласена Снежна кралица. Таа беше чисто зло, како лик од бајките на Ханс Кристијан Андерсон, рече тој.




