МК Сцена
РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК: Бесплатен влез за студентите во МНТ за театарскиот маратон
Македонскиот народен театар 72 години од своето постоење ќе одбележи со роденденски маратон на 1 април ( сабота).
Токму затоа ансамблот на МНТ својата радост ќе ја сподели со публиката играјќи три претстави.
Со огромно задоволство ја информираме и повикуваме студентската публика, која сите овие години е дел од МНТ, овој ден да го прославиме заедно. Студентите ќе имаат можност бесплатно да ги гледаат нашите хит претстави Животот е прекрасен/ со почеток од 15:00 и Сомнително лице/со почеток од 21:00.




