Сцена
Одлични вести за фановите: Наскоро доаѓа четвртата сезона на „Емили во Париз“
Официјално е – во продукција е четвртата сезона на популарната серија на Нетфликс, „Емили во Париз“.
Откако минатата година снимањето беше одложено поради штрајкот во Холивуд, Нетфликс сега потврди дека корисниците наскоро ќе можат да ги гледаат новите авантури на Емили Купер во Париз.
На 18 јануари 2024 година, Лили Колинс, ѕвездата на серијата, случајно потврди дека таа и остатокот од екипата на Емили почнале да работат на нови епизоди во Париз. Таа објави дека „конечно ја запознала нејзината екипа Емили во Париз“ и дека „се чувствува толку добро“.




