Музика
Џон Леџенд и Криси Тајген го открија полот на нивното бебе
Џон Леџенд и Криси Тајген пред нешто повеќе од еден месец објавија дека чекаат бебе, а сега конечно го објавија и неговиот пол.
Откако со години се обидуваше да забремени, Криси конечно остана во блажена состојба и тогаш среќната вест двојката ја објави на Инстаграм, пропратена со црно-бела фотографија на која славниот пејач нежно го допира стомакот на убавата менекенка.
Криси тогаш тврдеше дека смета оти ќе роди близнаци, но сега манекенката, исто така на Инстаграм, објави дека ќе добие ќерка.




