Сцена
Оперската претстава „Севилскиот бербер“ на 2 март во НОБ
На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе популарната комична опера во два чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценограф е Марија Ветероска, костимографијата е на Марија Пупучевска, хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.




