МК Сцена
„Оревокршачка” на мраз веќе распродадена, закажана е и втора претстава!
Поради огромниот интерес за претставата “Оревокршачка” на мраз, која ќе се одржи на 4-ти декември 2017 година со почеток во 20 часот, организаторите, Прагма Продукција, се одлучија и за втора претстава.
Македонската јавност има ретка можност да го види балетскиот спектакл, претставата “Оревокршачка” на мраз, во изведба на државниот балет на мраз од Санкт Петербург, Русија.
Закажаната претстава на 4ти декември 2017год. во 20 часот е веќе распродадена и поради големиот интерес закажана е уште една, на истиот датум со почеток во 22 часот, во Македонската Опера и Балет.




