МК Сцена
ФИНАЛНО ШОУ НА АВАЛОН: GIPSY KINGS со новогодишен Greatest hits концерт во Скопје!
Познато е финалното шоу на Авалон Продукција за историски успешната концертна 2017 година во Македонија.
На 22 декември како второ издание на АLL YOU NEED IS LOVE евентот, новогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светски атракции GIPSY KINGS. Актуелната формација на бендот, предводена од Paco & Mickael Baliardo доаѓаат во Скопје со Greatest hits сет, директно да влијаат на предновогодишната атмосфера во Скопје.
Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, GIPSY KINGS станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови.




