Сцена
Оскаровци им помагаат на погодените од ураганот Харви во Тексас
Оскаровците, Сандра Булок и Леонардо Ди Каприо донираа по милион долари помош за жртвите од ураганот Харви во Тексас и во Лујзијана.
Голем број познати личности ветиле големи суми за помош на загрозените.
Меѓу нив е семејството Кардашијан, чии членови ветиле по 250.000 долари, потоа кантри пејачот Крис Јанг со 100.000 долари, Ди Џеј Калед со 50.000 долари, Кевин Харт, Двејн Џонсон и Џениер Лопез со по 25.000 долари како и многу други.




