МК Сцена
ОЖИВЕЈТЕ ЈА МАГИЈАТА: Погледнете како помина фестивалската „Егзит“ авантура! (ВИДЕО)
Минатото лето во регионов повторно помина во духот на „Егзит“ и „Си денс“ фестивалите, кои заедно ја чинат „Егзит авантурата“, фестивалското летување кое е единствено во светот.
Годинава двата фестивала собраа речиси 300.000 фанови и ги поведоа на патување од магичната Петроварадинска тврдина во Нови Сад до тиркизната плажа Јаз недалеку од Будва, прогласена од страна на „Лоуни планет“ за најдобра во Европа!
На повеќе од 30 жанровски различни бини настапија околу 1000 уметници кои заедно со публиката од над 60 земји во светот ја креираа вистинската „Егзит“ магија за време на вкупно седум фестивалски дена и ноќи. А и многу подолго за многумината кои останаа да го поминат летото кампувајќи на песочните плажи кои и двата фестивала ги имаат во близина.





















