ДАМИАНО ДАВИД: „Вљубен сум во мојот кармин“
Светот едноставно полуде по Дамиано Давид, фронтменот на групата „Манескин“ која победи на годинашното издание на Евровизија. Го гледавте на инстаграм и тик-ток, но популарниот пејач имаше свое гостување и во шоуто на Ники Туториалс.
Ники беше пресреќна да го шминка Дамиано, а другите членови од бендот ја имаа задачата да ја оценат шминката, која навистина им се допадна.




