Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПЕТТИ ВО СВЕТОТ: Македонските танчери од клубот „Аква“ меѓу најдобрите на светското првенство во Данска

МК Сцена

ПЕТТИ ВО СВЕТОТ: Македонските танчери од клубот „Аква“ меѓу најдобрите на светското првенство во Данска

Македонските претставници на светското првенство во хип-хоп танц во категоријата „Џуниор бетл груп“, малите танчери од клубот „Аква“, го освоија петтото место на овој престижен интернационален натпревар што се одржува во Копенхаген, Данска.

Од клубот „Аква“ велат дека се пресреќни за успехот на најмладите членови.

– „Посебно сме горди и среќни на овој успех, затоа што ова е првпат нашите јуниори да се натпреваруваат во оваа категорија. Сепак, најзаслужен е нашиот кореограф Емилија Достинова, која изминатиот период напорно работеше за да го постигнеме овој успех!“ – вели Камелија Секуловска и Сања Ангелова, ментори во денс клубот Аква.

Тие дополнуваат дека постигнале и уште еден успех, односно помалата детска формација успеала да влезе во полуфиналните натпревари од престижниот настан.

 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.