Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗВУЧИ ФЕНОМЕНАЛНО: Теа Трајковска со нова “Пекол” песна (ВИДЕО)

МК Сцена

ЗВУЧИ ФЕНОМЕНАЛНО: Теа Трајковска со нова “Пекол” песна (ВИДЕО)

Атрактивната пејачка Теа Трајковска ја немаше подолго време, но со причина. Таа периодов заедно со својот тим го доработуваше својот „Пекол”, кој е всушност создаден од пред две години.

Станува збор за нејзината најнова песна која носи наслов „Пекол”, на која како автори на текстот се потпишуваат Магдалена Цветковска и токму Теа, а пак, музиката и аранжманот ги изработија вештите раце на хит-мејкерот Лазар Цветковски.

– „Пекол” се случи во едни пеколни времиња за мене, и поради тоа со мојот продуцент Лазе ја именувавме така. Сепак, пораката на самата песна е позитивна, а насловот совршено си залепи со текстот. Песнава ја имаме веќе две години, но со мојот тим сметавме дека не и беше вистинското време за неа, па сега кога пеколот заврши решивме да ја поклониме на публиката со оптимистичка мисла – вели младата пејачка.

За новата песна Теа има и лирик-видео, кое го изработи Дарко Видановски.

Погледнете, слушнете и уживајте:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.