Промо
Платете го кафето со поезија: Уникатна можност за 21 март – Денот на поезијата
Македонците се познати по тоа што сакаат да уживаат додека пијат кафе. Ова е единствена и уникатна можност, кога наместо сметка за кафе, скопјани ќе добијат лист хартија и пенкало за да напишат поема, со која ќе си го платат пијалокот.
На ваков начин ќе се создаде прекрасна синергија на уживање и креативност.
Јулиус Мајнл, за Денот на поезијата, 21 март, ги предизвикува граѓаните да дојдат на една од трите локации низ Скопје, Дион на Кеј, Наргиле во Скопска Чаршија и Паладиум во Капиштец. Поетите Елена Пренџова, Ксенија Николова, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравевски, Наим Иљази Пари и Даниел Карески, на сите присутни ќе им помогнат да ја напишат нивната поема. Единствена можност за секого да се опушти со кафе и да го плати со поема, со сопствени зборови од моменталната инспирација. Во исто време се штедат пари и се разгорува креативноста.




