МК Сцена
ФОТО: Спектакуларна бина за концертот на Владо Јаневски во „Борис Трајковски“
Подготовките за најавениот концерт на Владо Јаневски во Арената Борис Трајковски, најавен за 03. Април, во организација на Горила продукција се во полн ек. Организаторот најавува концерт, сосема поинаков и од се што се случувало до сега.
Најнапред, самиот амбиент во кој ќе се организира настанот за првпат ќе биде виден во Арената Борис Трајковски. Имено, подиумот на кој ќе настапи Владо Јаневски со бендот што ќе го придружува, ќе биде поставен централно, во средината на Арената, а озвучувањето, светло, лед, се ќе биде поставено на покривната конструкција, така што публиката ќе има можност од сосема нов агол да го следи целиот настан. Ваквиот нов пристап во позиционирањето на подиумот, бараше вонредни напори за ангажирање на најдобрите стручни лица за звук и светло, како би можело целата идеја да се реализира онака како што е замислена.






