МК Сцена
Почнува гласањето за MAC – повеќе од 250 номинации во 13 категории!
Повеќе од 200 радиостаници од Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора учествуваа во номинирањето на нумерите за MAC признанијата.
Раководејќи се според свои параметри на слушаност и популарност на нумерите и изведувачите, радиостаниците ги номинираа песните и авторите чии дела се најомилени и најпопуларни меѓу слушателите.
Листата од преку 250 номинации распоредени во 13 категории почнувајќи од утревечер (29 декември) ќе се најде на страницата www.musicawardsceremony.com.




