МК Сцена
Почнува новото, рекордно издание на Д Фестивал!
Утре (петок, 6-ти јули) официјално почнува програмата на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран, единствената фестивалска авантура во Македонија која годинава е пред своето осмо и рекордно издание од аспект на бројот на посетители но и учесници во програмата!
Првите посетители на Фестивалот и ова лето пристигнуваат ден порано, веќе денеска од 15:00 часот кога официјално ќе биде отворен фестивалскиот камп во Дојран.
Маратонската тридневна музичка програма, атрактивните имиња на стотиците учесници, реакциите и интересот на публиката, огромниот број на специјални гости во дополнителната програма и годинава потврдуваат дека Д ФЕСТИВАЛ со секое свое издание постигнува нови рекорди и дека од 6-ти до 8-ми јули нѐ очекува највозбудливото фестивалско доживување досега, а Дојран за време на овие денови на културно-уметнички раскош е најпосакувана дестинација во Македонија!




