МК Сцена
Поради огромниот интерес 2CELLOS ќе настапат и како специјални гости на главната вечер на Таксират 2015!
Поради огромниот интерес кај нас, но и во соседните земји, кој не стивнува ниту по веќе распродадениот концерт најавен во рамки на офф-програмата на ТАКСИРАТ, светската атракција 2CELLOS официјално го потврди и својот втор концерт во Скопје и тоа како специјален гостин на главната вечер на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ!
На радост на армијата фанови кои не успеаја на време да го резервираа своето место за солистичкиот концерт, маестралните 2CELLOS и покрај неверојатно исполнетиот распоред, на 7. декември доаѓаат во Метрополис Арена.
Нивната вуртозност е исклучително атрактивна на концертите, како во престижните концертни арени, така и на најголемите музички фестивали ширум светот, а со настапот и на главната вечер на ТАКСИРАТ, македонската публика ќе има ретка можност да ги доживее двата извонредни перформанси на 2CELLOS, солистичкиот во рамки на офф-програмата и фестивалскиот сет на главната бина на ТАКСИРАТ.




