МК Сцена
ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРИЧИНИ: Вино Скоп се сели од плоштад на платото пред МОБ
Вино Скоп 2016 започнува во среда, 28 септември во центарот на град Скопје, но со нова локација. Поради технички причини, фестивалот е поместен на платото пред Македонска Опера и Балет, односно плоштадот „Мајка Тереза“, одлична нова локација веднаш до реката Вардар.
Вино Скоп ќе биде отворен за посетители од 12:00, а ќе трае се до доцните вечерни часови. „Вино Скоп“ оваа година одбележува јубилеј- Десет години најомилена скопска есенска приказна.
Пет фестивалски денови, посетителите ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарии, како и вински коктели- сангрија и вино мохито. Покрај виното,ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи. Музичката програма е шаренолика: џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери.




