Музика
Порака на Аријана на годишнината од терористичкиот напад во Манчестер
Пејачката Аријана Гранде им изрази сочувство на своите обожаватели на годишнината од терористичкиот напад кој се случи на нејзин концерт во Манчестер.
– „Мислам на сите вас, како денеска, така и секој ден. Ве сакам со цело мое срце, и ви ја испраќам сета моја топлина којашто ја имам на овој тежок ден“, напиша таа.
Аријана додава дека се уште тешко го преживува нападот.




