МК Сцена
Позната програмата за претстојниот „Пиволенд 2016“
„Пиволенд“ и оваа година ќе се погрижи да ја вжешти атмосферата во Скопје по завршувањето на летните одмори. Од 31 август до 4 септември, Скопското Кале ќе биде збирно место на сите љубители на пивото и добрата забава.
Од организацијата откриваат дел од изведувачите кои ќе се погрижат за одлична атмосфера. Ќе се потсетиме на старите хитови на „Студени нозе“, ќе ја пееме во еден глас „Туѓа си бескрајно“ со Ефто Пупиноски, ќе не фати носталгија со „Рибља Чорба“, а ќе ги чуеме и „Трибјут ту Колдплеј“, енергична рок музика од светските топ листи.
На фестивалот ќе може да се дегустираат над 150 видови пиво од сите страни на светот, по промотивни фестивалски цени, комбинирани со најдобрите македонски гурмански деликатеси.




