Интервју
Прљаво Казалиште: „Подготвени сме за голема забава вечерва на Пивофест!“
Вечерва на сцената на Пивофест свој настап има легендарниот хрватски бенд Прљаво казалиште, а екипата на Популарно.мк ја имаше ексклузивната можност да поразговара со нив во убавата атмосфера на хотелот Монтана Палас во Крушево.
Пејачот Младен Бодалец ни раскажа за искуството низ годините, подготовките пред вечерашниот настап, како и плановите за ова лето и новиот албум кој е веќе во најава.
– „Секоја година еднаш или два пати задолжително доаѓаме во Македонија, убаво си поминуваме, луѓето го сакаат бендот и се сеќаваат на убавите песни, па сигурен сум дека вечерва ќе си поминеме убаво со рокенролот. Зад нас има многу концерти, повеќе од 40 години сме на сцената, но најважно е да се допре до срцето на луѓето. Тоа ние го правиме преку песните, затоа што преку нив сме гласноговорници на обесправените кои имале потреба да прозборат за своите проблеми, но и за вљубените кои никогаш не ја оствариле својата вистинска љубов“. – вели Бодалец.







