Музика
Пред концертот во Скопје, Тропико бенд со нова песна и спот
Пред големиот солистички концерт закажан на 28 април во ВИП Арена „Борис Трајковски“, момците од ТРОПИКО бенд решија да ги израдуваат своите фанови. После три години од последното цеде, подготвија три нови песни од кои една е веќе пуштена во јавноста.
– „Синглот Само иди е една мала увертира за она што го подготвивме за нашата публика, иако сите три песни се сосема различни, не само една од друга, туку и од она што досега го работевме, со нетрпение ги очекуваме реакциите на публиката“, вели Сале, фронтменот на ТРОПИКО.
После видеото за песната Само иди се очекува екранизација и на дуетската песна со Џенан Лончаревиќ, и тоа под будното режисерско око на Вук Костиќ.




