Музика
Предновогодишно „лудило“ со Аца Лукас, Пеџа Меденица и Милица Павловиќ
По распродадените концерти во соседна Србија, триото Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеџа Меденица се подготвуваат во Скопје, во ВИП Арена Борис Трајковски да ја направат најголемата предновогодишна балканска журка. По цена од 400 денари, овие музички имиња, подготвуваат три часовно шоу на сцената во Борис Трајковски.
Оваа голема балканска журка ќе биде место каде што Милица Павловиќ и Аца Лукас, првпат во живо, заедно на една сцена ќе го испејат својот голем хит со милиони прегледи на ЈуТјуб, „Кидаш ме“.
Во овој предпразничен период, сите тројца во матичната земја работат на својот нов материјал. Деновиве се очекува промоцијата на новиот албум на Милица Павловиќ, „Заувек“, Аца Лукас работи на својот нов сингл кој што несомнено ќе биде огромен хит, како и сите негови песни досега, а Пеџа Меденица ја подготвува дуетската песна со Џенан Лончаревиќ.




