МК Сцена
Преку 60 бендови на „Ентерфест“- најголемиот музички фестивал во Македонија
Организаторите на „Ентер фестивалот“ на денешната средба со новинарите најавија музички ураган , каков што немало досега на овие простори.
Со озвучување од странство, на две бини внатре во „Борис Трајковски“ и надвор и невидено осветлување на главниот град, од 29 мај до 2 јуни Скопје ќе биде домаќин на огромен број групи од Македонија, Србија, Хрватска, Косово…
-Од 29 мај до 02 јуни, на две сцени , надвор и внатре во спортскиот центар Борис Трајковски ,започнува ново музичко доживување за љубителите на фестивалите . Повеќе нема да мора да патувате надвор од Македонија за да бидете дел од голем музички хепенинг, сето тоа во овие пет дена ќе го доживеете на ЕНТЕРФЕСТ, истакнаа организаторите.




