Сцена
Премиерата на седмата сезона на „Игра на тронови” ги урна сите рекорди на ХБО
Првата епизода од седмата сезона на ТВ серијата „Игра на тронови”, којашто премиерно беше прикажана завчера, ги надмина сите рекорди на гледаност на ХБО мрежата.
Преку многуте сервиси коишто ги пренесуваат ХБО каналите, првата епизода од седмата сезона ја гледале над 16 милиони луѓе, со што тоа е најгледаната премера на ХБО воопшто.
За споредба, првата епизода од минатата шеста сезона ја гледале околу осум милиони фанови, а пак, последната – 25,7 милиони.




