Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

АЛАН ВОКЕР: „Маската е симбол на единство!“ (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)

Музика

АЛАН ВОКЕР: „Маската е симбол на единство!“ (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)

Популарно.мк со уште една ексклузива – овој пат со светски познатиот норвешки диџеј и продуцент Алан Вокер, кој во 2015 година станува познат со мегапопуларниот хит „Faded“ со кој со недели ги освои европските музички листи, вклучувајќи и ја и Македонија.

Тој настапуваше на главната бина на отворањето на фестивалот „Егзит“ и беше прогласен за еден од најдобрите настапи на отворањето на фестивалот.

– „Само што се разбудив, се напив Редбул и подготвен сум да ја искусам публиката на Егзит фестивал!“ – ни кажа тој.

Навистина е фасцинантно тоа што Алан има само 19 години, започнал без никакво музичко познавање, а досега има повеќе од 2 милијарда прегледи на музичките платформи. Го прашавме како го коментира овој успех, посебно доаѓајќи од млад човек како него.

– „Покрај успехот од Алан Вокер, мислам дека е поважно тоа што сум симбол на можноста дека можеш да постигнеш сѐ без разлика кој си и од каде доаѓаш!“ – вели Вокер.

Тоа е главната порака која овој млад диџеј се обидува да ја вметне во својот бренд, всушност маската и качулката се неговиот главен претпознатлив симбол.

– „Маската стана главниот симбол на Алан Вокер, на тоа луѓето прво помислуваат. Тоа е симбол на единство и покажува дека секој може да биде сличен еден со друг, и да постигне големи работи!“ – додава младиот диџеј.

Целосното интервју можете да го погледнете во продолжение:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.