МК Сцена
ПРЕПОЛНА САЛА И СТОЕЧКИ ОВАЦИИ: „Монти Пајтон“ премиерно во Скопје (ФОТО)
Извонредното Пајтоновско шоу ја одбележа синоќа премиерата на бродвејскиот мјузикл МОНТИ ПАЈТОН СПАМАЛОТ во Македонска Опера и Балет, кој ексклузивно гостува во Скопје во рамки на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ.
Никола Којо, Никола Ѓуричко, Гордан Кичиќ, Срѓан Тимаров, Дејан Луткиќ и Јелена Јовичиќ, како и одличниот балетски ансамбл ја засмејуваа публиката речиси три часа.
Препознатливиот британски хумор, но и прилагодените локалните шеги, се менуваа со одлично осмислените танчерски точки и интеракција со публиката, кои заедно приредија извонредна атмсфера и го восхитија преполното, целосно распродадено гледалиште на МОБ.







