МК Сцена
ПРИЛЕП ПОДГОТВЕН ЗА ПИВОФЕСТ: Македонски и странски ѕвезди ќе ја забавуваат публиката од 14 до 17 јули
Прилеп е подготвен за одржување на 14-тиот фестивал на „Пиво фест 2016“ што ќе се одржи од 14 до 17 јули.
И оваа година се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери од земјава и од Балканот. Економскиот бенефит на градот и регионот е голем, ќе има максимална безбедност и прифаќање на сите оние кои во најавените четири дена ќе бидат гости во Прилеп, посочија на денешната прес конференција водителската екипа Марјана и Жаре.
Од здружението на граѓани ЦГИ – Прилеп посочија дека на 20.000 метри квадратни ќе бидат поставени 30-тина штандови, на гостите на располагање им се околу 20.000 паркинг места, хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. За да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.




