МК Сцена
ЏОН ЊУМАН ВО СКОПЈЕ: „Love Me Again“ ечеше во „Борис Трајковски“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Серијата на светски концерти во Скопје се заокружи со настапот на познатиот хитмејкер Џон Њуман кој вчеравечер одржа концерт во Вип арената „Борис Трајковски“.
Иако Џон Њуман имаше навистина тешка и неблагодарана задача веднаш по Енрике Иглесијас да настапи во полупразната „Вип Арена“, тој остана доследен на ветувањето кон македонската публика и со многу енергија ги забавуваше присутните фанови.
Како вистински професионалец, Њуман на почетокот и се извини на публиката во арената „Борис Трајковски“ за 15-минутното доцнење на концертот и низ смеа порача дека ако не доцни не би било „кул“, и дека секој оној кој купил влезница за неговиот настап, заслужува да види перформанс на сцената.
















