Сцена
Принцезата Шарлот го изговори првиот збор
Британската принцеза Шарлот вчера го изговорила првиот збор за време на семејното патување во Канада.
Како што јавија британските медиуми, принцезата го изговорила зборот „пукна“ , додека си играла со балон со нејзиниот постар брат, принцот Џорџ.
Принцот Вилијам и сопругата, војвотката Кејт од Кембриџ, со децата престојуваат во еднонеделна посета низ Канада. Ова е првпат двојката да ги носи нивните две деца, тригодишниот Џорџ и едногодишната Шарлот во официјална посета на некоја земја.





