МК Сцена
БЕЛА НОЌ ВО СКОПЈЕ: Бесплатен автобуски превоз, изложби, претстави, кина…
На првиот ден од месец октомври по дванаесетти пат во Скопје ќе се одржи „Бела ноќ“. Од организацијата најавуваат многу побогата програма од досегашна, а во метрополата на неколку точки ќе има случувања од различен карактер за сечиј вкус.
Така, најавуваат голема изложба на американски поп-арт, распослана на три страни во градот: Музејот на град Скопје, Музејот на современа уметност и Младинскиот културен центар – МКЦ. Повеќе од 100 графички дела од шесте култни: Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Роберт Раушенберг, Џон Чемберлејн, Том Веселман и Џејмс Розенквист.
На плоштадот „Македонија“ во 21 часот француската спектакл-трупа „Compagnie des Quidams“ нè дочекува со нејзиниот последен звучно-светлосен перформанс. Потоа во 22 часот ќе се одржи уште еден театарски перформанс. Од Полска, со 30-метарска арка која претходно ќе плови по скопските улици трупата „Teatru osmaego dnia“ во 22 часот ќе настапи на плоштадот „Македонија“.




