МК Сцена
Проектот „Правда“ ги обедини студентите по драмски уметности од регионот
Со омнибус-претставата „Проект: Правда“ на студентите на факултетите за драмски уметности од екс-ју државите и романската „Мртва точка“, вчеравечер беше затворен Младиот отворен театар.
„Проект: Правда“ е омнибус-претстава на студенти од драмските академии од Скопје, Загреб, Љубљана, Белград, Сараево, Нови Сад и Цетиње. Студентите пред публиката во Скопје ги изведоа седумте драмски текста на тема правда: „Печат“, „Чепкалка“, „Шах-мат, љубов моја“, „Зафркавање“, „Попокатапетл“, „Терапија“ и „Тука сум, Брехт“.
Студентите минатата година работеле заедно на целосно создавање на комплетната претстава, од креирање на драмски текстови, до режија, актерска игра и продукција и организација на настапите.





